Во текот на летото (месец јули и месец август), имавме прилика за размена на информации и споделување на нашите искуства за работа со ученици со попреченост, со наставници и стручни соработници од основните училишните во општините Велес и Штип (ООУ „Васил Главинов“,ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ "Блаже Коневски", ООУ "Панко Брашнаров", ООУ "Ванчо Прќе", ООУ "Димитар Влахов", ООУ"Гоце Делчев") Тим од 5 обучувачи создаде и реализираше 5 обуки на тема „Обука за изработка на специфични дидактички помагала, нагледни средства за полесно совладување на наставните содржини“ и "Стратегии и методи за работа со ученици со АДХД и Аутизам во училница" Програмата за обуката е дел од Каталогот на обуки кој е подготвен од страна на стручните соработници во нашето училиште Каталогот на обуки е подготвен во склоп на проектот Инклузија на деца со ПОП, кој го спроведува здружението "Отворете ги прозорците" со поддршка од Детска Фондација Песталоци