Отворена нова соба за сензорна интеграција

Средствата за опремување на собата за сензорна интеграција во ОУРЦ„Маца Овчарова“ се обезбедени од 400 гости присутни за донаторската вечер која се одржа по повод 3-ти декември,во организација на Ротари клуб Велес,Бели Мугри Ротари клуб Велес и Лајонс Велес.

Сензорната соба  е строго контролирана терапевтска средина, во која што работи стручен сензорен  терапевт, за која што беа обучени тројца специјални едукатори.Оваа сензорна соба е организирана според стандардите на Џин Ејрс и сооодветно опремена со  реквизити кои што се наменети за третирање на сензорниот систем.

На овој настан директорката на ОУРЦ „Маца Овчарова“ Мирјана Петрушевска истакна голема благодарност на членовите од  трите клуба за обезбедување на средствата , но и на сите присутни гости и  на останатите донатори кои лично донираа средства.

Што собата за сензорна интеграција ја прави поразлична од останатите Сензорни соби во Велес и зошто децата од општината ќе можат да ја користат објаснија трите специјални едукаторки и сензорни терапефтки Добрила Ефровска, Дијана Попандов и Жана Ѓоргиевска.

Потребен е само уште мал износ на финансиски средства за да се набават и постават сите потребни помагала за што училиштето очекува поддршка од граѓани или бизнис заедницата.

Почитувани, вашите донации го обезбедија опремувањето на првата соба за сензорна интеграција од ваков тип наменета за учениците од општините Велес,Градско и Чашка.

Галерија