Одбележување на патронен празник

По повод одбележување на 51-от патронен празник на ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова" се одржа промотивен настан „ИНКЛУЗИЈАТА Е ДЕЛ ОД СИТЕ НАС” каде ги претставивме методите, техниките и едукативниот материјал за реализација на наставата со учениците со комплексни потреби кои се инклузирани во редовните училишта. На настанот беа присутни директорите од основните училишта од Велес, Чашка, Градско, Штип, с.Иванковци, претставници на стручна служба и одделенски наставници кои имаат инклузирани ученици. Во чест на празникот директорката Мирјана Петрушевска со делегација од училиштето и ученици положија свежо цвеќе на Спомен Костурница Велес
Честит да ни биде Денот на училиштето, честит и вековит да биде споменот на нашиот патрон Маца Ѓоргиева Овчарова.

Галерија