ОУРЦ “ Маца Овчарова”, Велес и ОУ со ресурсен центар во РСМ: “Др. Златен Сремец" Скопје, "Иднина" Скопје, “Св. Климент Охридски" Ново село и “Кочо Рацин” Битола преку донација ги зајакнуваат своите технички и човечки ресурси во насока на осовременување на услугите наменети за своите корисници. Оваа донација е обезбедена во соработка со белгиската компанија GOPA Partners in Action for Change and Engagement (https://www.gopa-pace.com) со која е потпишан меморандум за соработка и донира 40.000 EUR во набавка на иновативниот софтвер RehaCom , кој што ќе се користи за скрининг и когнитивна рехабилитација на децата со посебни потреби кој влијае на специфични аспекти на внимание, концентрација, меморија, перцепција, активности од секојдневниот живот и многу повеќе. Оваа практична алатка е од голема помош за ОУРЦ и специјалните едукатоти и рехабилитатори кои ќе бидат обучени терапевти за примена на овој единствен софтвер на овие простори. Покрај RehaCom софтверот за стручниот кадар во 5-те ОУ со Ресурсен центар во земјата, во тек се лиценцирани обуки за ABA метода –научно заснован пристап за подобрување на социјалното однесување кај децата со аутизам на 30 специјални едукатори и рехабилитатори и 40 PECS обуки – систем за комуникација со размена на слики, начин на лицата со попреченост да комуницираат без употреба на говор, а при тоа да ги соопштат своите желби и потреби. Целта на овој проект кој започна кон крајот на 2023 година е да се унапреди образовниот процес на децата со посебни потреби и да се даде квалитетна поддршка на инклузивното образование, преку подобрување и унапредување на образовниот кадар неопходни за работа со деца со посебни потреби.