Основно училиште со ресурсен центар „Маца Ѓ. Овчарова“ – Велес, по повод „3 Декември - меѓународниот ден на лицата со попреченост“, во 1996 година ја организираше првата Републичка керамичка ликовна работилница од инклузивен карактер за учениците со попреченост од посебните основни училишта и паралелки во Р.С. Македонија и учениците од редовните основни училишта од Велес. Успешно го трасиравме патот на една значајна културна уметничка традиција, која опстојува веќе 27 години, преку бројните креативни создадени детски дела и отсликани керамички производи, задржувајќи ја симболиката на велешкиот уметнички идентитет и народно творештво.
И оваа година, Ликовната работилница ќе биде од Меѓународен карактер и учество ќе земат учесници од ресурсните центри, центрите за поддршка, основните училишта како и учесници од други земји.