ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ. бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) и од Правлиникот за начинот на побарување на образовен/личен асистент и начинот на селекција и изборот на образовен/личен асистент, одобрените согласности за вработување на определено работно време од Министерството за образование и наука бр. 12- 7299/2/1 од 19. 07.2023 година Основното училиште со ресурсен центар ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС

За вработување на определено работно време на 95 стручни соработници – образовни асистенти за ученици со попреченост во основното образование.

Се објавува јавен оглас за вработување на 95 стручни соработници - образовни асистенти кои ќе бидат вработени на определено работно време во учебната 2023/2024 година за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Карбинци.

Кандидатот треба да ги исполнува следниве:

Општи услови:

да е државјанин на Република Северна Македонија;

активно да го користи македонскиот јазик;

да е полнолетен;

да има општа здравствена состојба за работното место;

со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителското право;

со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;

да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.

Посебни услови:

Завршено образование за:

Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според МРК или 240 ЕКТС).

Општи работни компетенции на образовните асистенти:

поддршка на учениците со попреченост;

соработка со наставниците; соработка со родителите/старателите;

соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот;

соработка со зедницата; комуникација и остварување резултати.

Распоред на работно време:

Работни денови понеделник-петок;

Работно време 8 часови дневно;

Работни часови неделно 40, од кои 20 до 30 часа во директна поддршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопствената работа;

Основен надоместок на образовниот асистент: Нето плата 28.429,00 денари.

Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2023/2024 година.

Потребни документи за пријавување:

• Потребни документи за пријавување:

- Барање/Молба

- CV/Кратка биографија

- Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,

- Диплома за завршено соодветно образование

- Уверение за државјанство

- Извод од матична книга на родени,

- Потврда од суд за неосудуваност,

- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право

Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование, се наведува името и презимето на ученикот и училиштето во коешто учи ученикот;

Огласот трае 3(три) работни дена, од денот на објавувањето, документите се доставуват по пошта до архивата на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес улица Кресненско востание бр.4 Велес, пошенски број 1400 Општина Велес, со назнака „јавен оглас за образовен асистент“

Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

Изборот на кандидатите го врши комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.

Во селекцијата за избор, по заврешената административна проверка, комисијата врши интервју.

Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред почетокот на учебната година од соодветни обучени тренери.

Некомплетната и неневремено доставена документација нема да се разгледува.



НАПОМЕНА: работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
 

                                                                                                                       ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес