Одблежување на Патронен празник – 50 години успешна приказна во полето на образование на ученици со попреченост

     Со издадена монографија „50 години раст и развој низ лавиринтот на детскиот свет“, организирана културно уметничка програма, ликовна и изложба на изодениот пет децениски развој, на 21.03. во театарот „НУЦК ЈХК Џинот“ во Велес, ОУРЦ „Маца Овчарова“ го одбележа пет деценискиот јубилеј. Вредниот и професионален работен колектив кој постоел и постои за да ги совлада сите детски бариери и од учениците да создава општо корисни граѓани на локалната заедница, уште еднаш докажа дека за него нема друга цел, освен работа со посебни, уникатни, среќни ученици и нивни родители.

     Во програмскиот дел најнапред беше промовирана монографијата „50 години раст и развој низ лавиринтот на детскиот свет “, чиј главен уредник е Соња Гаврилова. Потоа постхумно беа доделени благодарници на дел од основачите на училиштето и ги врати сеќавањата на велешани на личностите како што се првата директорка Мира Величкова, првиот наставик-дефектологот - Ангел Љутков, Ѓоре Поп Стефанов, Никола Попов, Орце Ржаров, проф. Д-р Љупчо Ајдински, проф д-р Славчо Ќерамитчиев. На сцената кратко се обрати и еден од основачите – логопедот Борис Митев, а драги гости во публика беа и дел од првите вработени како фонетичарот Зденка Џалева, Наташа Роман итн.

     Директорката, м-р Мирјана Петрушевска, во својот говор го истакна следново - „Лично сум многу горда од целиот овој успех и ентузијазам што постои во училиштето. Успешните училишни приказни ги градиме и создаваме со помош на нашите  сојузници во целата приказна-родителите на нашите ученици. Заедно ја споделуваме радоста и среќата на секој нивни постигнат успех. “ Таа потенцира дека изминатите две години училиштето претрпе сериозна трансформација, тоа сега е основно училиште со ресурсен центар, за поддршка и имплементација на процесот на вклучување на учениците во  редовното образование.  Тоа сега е регионален ресурсен центар за 31 основно училиште, каде настава посетуваат ученици со попречености  од 11 општини.   Во моментов во училиштето има запишано  47 ученици,  а 106 се инклузирани и опфатени со образовна асистенција  за кои се ангажирани 96 образовни асистенти, обучени, координирани и вработени во ОУРЦ Маца Овчарова.

     Особено интересени беа позитивните приказни од одителите на учениците кои поминале и сеуште се дел од училиштето. Со огромен аплауз беше поздравено и искажувањето на личното искуство на поранешниот ученик Јован Андов со кого училиштето и денеска се гордее, како и на неговата мајка Лидија Андова.

     Во културно уметничката програма присутните имаа можност да запознаат дел од учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“ во заедничките/инклузивни настапи со Балетско студио „Анабела“, Хорот на ООУ„Блаже Конески“, ОМУ„Стефан Гајдов“ и актерите на велешки Театар ЈКХ „Џинот“. Како и во настапите со гостите од КУД „Стоби“ Градско и Фолклорен Ансамбл на образовни асистенти и ученици со попреченост од ОУ со ЦП „Страшо Пинџур“ од Кавадарци . Златниот јубилеј беше отворен со изведбите на македонската и химната на Велес од страна на Детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ под раководство на Веселинка Маџарова.

     Во фоајето на театарот имаше изложено рачни изработки на учениците и нивните наставници, како и дела од ликовни уметници од Велес кои беа продажни. Средствата кои се собраа ќе бидат наменети за доопремување на училиштето опрема за специјализирани третмани.

Исто така, патронатот беше покриен медиумски од следниве портали:

https://duma.mk/
https://mia.mk
https://duma.mk
http://tirekovmirece.com
https://www.facebook.com/KTVKavadarci
www.youtube.com/KTVKavadarci
Прилог во вестите на МРТ
Петтиот Ангел - МРТ