На 26-тата Меѓународна Ликовна колонија се роди идеа да се твори за Тоше Проески на тема ,,Со љубов за Тоше", во соработка со професорот по ликовна уметност Емил Солески и директорката на националната установа ,,Спомен куќа - Тодор Проески" Левкија Гаџоска се изработија керамички плочки на кој што 44 ученици сликаа за Тоше. Од плодната соработка на двете институции се роди идеја, директорката на ОУРЦ ,,Маца Овчарова" - Мирјана Петрушевска да се донираат на националната установа ,,Спомен куќа - Тодор Проески" 42 примерока на керамички плочки со потпис од Тоше. Денес во негова чест делегација од училиштето положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше и на свечениот настан учествуваше со изложба на наградените дела од учесниците на Меѓународната ликовна колонија. Во чест на 42 роденден на Тоше беа промовирани и 42-те маички штампани со победничкиот мотив од колонијата.