Инклузивни практики - стручна дискусија со училишта кои припаѓаат на реонизацијата на ОУРЦ „Маца Овчарова“ - Велес

На 01.11.2022г во големата сала на Општина Велес, во организација на тимот за спроведување на инклузивни практики при ОУРЦ "Маца Овчарова"-Велес, беше одржан состанок со директорите и претставници од стручните служби од 31 училиште од општините: Велес, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Лозово, Св. Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци, кои припаѓаат на реонизацијата на ОУРЦ "Маца Овчарова" - Велес. На состанокот, покрај излагањето на организаторите од ОУРЦ Маца Овчарова, свое излагање имаа и г-ѓа Розалија Давковска, претставник од Министерството за образование и наука, одговорно лице за комуникација и координација за спроведување на инклузивното образование, г-ѓа Снежана Трпевска - советник за образование на лицата со попреченост при Бирото за развој на образованието и г-дин Горан Петрушев, претставник од телото за проценка на функционирање попреченост и здравје според МКФ. Состанокот течеше во позитивна атмосфера во која се разви стручна дискусија, со цел подобрување и унапредување на спроведувањето на инклузивниот процес во основното образование.

Галерија