ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ НА ЕВРЕИТЕ ХАНУКА - HAPPY HANUKAH

      Ханука - празник на светлината. Со овој празник се одбележува настан од 164 години п.н.е кога, по три години прогонство и борби, Ерусалимскиот храм бил повторно просветлен. Со овој настан е поврзана легендата за светилката, која продолжила да гори во Храмот, иако немало доволно масло за тоа, па затоа и празникот Ханука се нарекува Празник на светлината. Се празнува 8 дена, од 28ми Ноември до 6ти Декември и се означува со запалување на свеќите, секоја вечер по една, при што се користи свеќник од девет свеќи наречен менора или Ханукина менора. При нејзиното славење, се применуваат три обичаи кои се издвојуваат како посебни: јадење храна припремена во маслиново масло, играње на играта дрејдел и давање пари и поклони за децата.
          По повод овој празник, споделуваме светлина во спомен на 7144 Евреи од Македонија, жртви на холокаустот. Во нивен спомен, учениците на ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова“, заедно со нивните наставнички и директорката на училиштето, изработија свеќници - менори и заедно ги запалија осумте свеќи.

Заедно да споделиме светлина и сеќавање и да оддадеме почит на Еврејската заедница!


 

Галерија