-
27.10.2021
-
Општо, Известувања
Почитувани,
Со трансформацијата на ПОУ во Основно училиште со ресурсен центар „Маца Ѓ. Овчарова“ започна со воведување новини во услугите кои ќе бидат реализирани од стручни лица, со долгогодишно работно искуство и ќе бидат достапни за сите дечиња кои ќе имаат потреба за ваков вид на третмани, од реонот на Општина Велес и соседните општини.
Како една од новините со кои започнуваме е услугата за рана интервенција за деца од 4 до 6 години.
За подетални информации за услугите, повелете во просториите на нашето училиште, секој работен ден од понеделник до петок.