Училиштен одбор е орган кој е одговорен за управување со училиштето.
Неговата улога и состав се дефинитани со закон. Членови на училишниот одбор се од редот на наставници – специјални едукатори и рехабилитатори, стручни соработници на училиштето како и претставници од родителите и од основачот.
Претставници на Училишен одбор во Посебното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓ. Овчарова“:
- Мариан Николов – родител (претседател)
- Елизабета Димитриевска – дефектолог логопед (член)
- Дијана Попанов – дефектолог (член)
- Елена Трајановиќ – дефектолог (член)
- Јован Јовановски – надворешен член – претставник од основач
- Марјана Стојановска – родител
- Сеад Кицара – родител
Наставнички совет го сочинуваат одделенските и предметни наставници и стручните соработници на училиштето.
Наставничкиот совет на Посебното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓ. Овчарова“ води грижа за целокупната воспитно – образовна работа во училиштето. Со него раководи директорот на училиштето кој се залага за примена на иновациите во наставата, примена на активни методи, форми и средства кои го подобруваат квалитетот на наставата, како и зајакнување на можностите и способностите за образование според способностите на учениците.
Стручниот актив – го сочинуваат наставници – специјални едукатори и рехабилитатори кои предаваат ист предмет или подрачје.
- Стручен актив на одделенски наставници – носител Вера Коцева
- Стручен актив на предметни наставници – носител Живка П. Саздова