Е - НАСТАВА

Учење на далечина

По предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Р.С Македонија, поради новонастанатата состојба со Корона вирусот КОВИД – 19, донесена е уредба со сила на закони со кои се предвидува основните и средните училишта, како и високо образовните установи и јавните научни установи да организираат далечинско учење односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација.

За потребите на учениците кои следат настава од далечина, наставниот кадар од одделенска настава и од предметна настава, континуирано поставуваат наставни содржини, материјали, линкови, презентации и сл. на GOOGLE DRIVE кои што се достапни за учениците и родителите.