Препорачано

Симпозиумот на тема "Ефекти од реформите во инклузивното образование во Р.С.Македонија"

Во периодот од 11-13 ноември 2023 Претставници од ОУРЦ ,,Маца Овчарова" беа дел од Симпозиумот на тема "Ефекти од реформите во инклузивното образование во Р.С.Македонија".
Претставници на училиштето директорката Мирјана Петрушевска, Зага Колодезни и Вера Коцева ги 
презентираa резултатите од истражувањето на тема ,,Унапредување на актуелната состојба на инклузираните ученици кои учат по модифицирана програма во Р.С. Македонија" 

Истражувањето беше спроведено на ниво на Р.С.Македонија во месец септрември/октомври во 336 основни училишта и 5 основни училишта со ресурсни центри. 

Според истражувањето беа дадени следните препораки:

  • Општините да обезбедат дополнителни просторни капацитети за ОУРЦ за реализација на модифицирана програма и специјализирани терапии
  • БРО и МОН да изработат сведителства за описно оценување за учениците кои учат по модифицирана програма
  • МОН да направи ревидирање на едневник и да овозможи описно оценување за учениците по модифицирана програма а
  • ОУРЦ и ОУ да имаат заеднички пристап до едневникот на ученикот кој учи по модифицирана програма во двете училишта
  • Во ОУРЦ да се формираат паралелки за учениците по модофицирана програма
  • Бројот на учениците и паралелките по модифицирана во ОУРЦ да се финансираат и бројат по моделот од Музичките училишта
  • Да се зголеми бројот на стручни лица во ОУРЦ кои ќе работат со учениците по модифицирана програма: логопеди, физиотерапевти, негователи, специјални едукатори и рехабилитатори и образовни асистенти