Во рамките на проектот „Моите раце се огледало на мојата култура“, од програмата Еразмус+, во периодот од 27.09. – 07.10.2021г. беше реализирана мобилност од страна на 4 специјални рехабилитатори и едукатори од нашето училиште во градот Бурса, Р. Турција.
Целта на мобилноста беше посета и реализација на низа активности во училиштето за лица со оштетен слух, заедно со претставници од партнер земјите – Србија и Грција.
Целта на проектот е промовирање на културното наследство на земјите учеснички во проектот, односно претставување на бајка/народна приказна од локалната култура на знаковен јазик.
Освен активностите во училиштето, секојдневно беа реализирани посети на културни знаменитости во градот Бурса.
Притоа, како учесници во проектот имавме чест да бидеме повикани на прием кај градоначалникот на дистриктот Нилуфер во Бурса ( во кој се наоѓа училиштето за лица со оштетен слух), како и кај министерот за образование на градот Бурса